Легендарниот југословенски пејач води тешка битка против ракот – има големи болки, префрлен е во друга болница

Пејачот Јасмин Ставрос (68) од болницата Виноград кон крајот на минатата недела бил префрлен во КБЦ Ребро во Загреб, каде што продолжува со лекувањето. Тој е пренесен по сопствено барање, но и по препорака на лекар, пишува  објави хрватскиот портал „24часа“.

„Пациентот се лекува кај нас. Како и за секој пациент, правиме се за да му помогнеме да закрепне. Моментално прима зрачење, но за другите детали од третманот не можам да зборувам“, истакна угледниот загрепски специјалист по радиотерапија и онкологија, проф. д-р Федор Шантек.

Неофицијално „24часа дознава дека Ставрос има силни болки, но е голем оптимист и верува во закрепнување. Воедно, хрватскиот медиум објавува дека и неговата сопруга се лекувала од рак во КБЦ Ребро и била целосно излечена.

Advertisements

Потсетуваме, Јасмин на крајот на март за хрватските медиуми изјави дека има рак на коските и се бори за живот.

„Сè ме боли, најмногу ме боли грбот. Постојано сум во болница, оттогаш не сум бил дома. Се чувствувам лошо, ме боли грбот, сè. Ми даваат секакви лекови против болки, некои помагаат, некои не“, изјави тогаш за „24часа“ Ставрос.

Да потсетиме, Јасмин Ставрос испеа многу поп хитови: „Да ми е што Америка“, „Само мајка знае“, „Жено“, „Маро Мариче“, „Немој да се мажиш“…