Бектеши уверува дека ќе има намалување на цената на струјата за малите потрошувачи

Се прават напори да нема драстично зголемување на цената на струјата за домаќинствата, а намалување ќе има за малите потрошувачи, за микро и малите компании, рече министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на одбележувањето на јубилејот 90 години од основањето на Занаетчистката комора – Скопје.

„Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко“, рече Бектеши.

Advertisements

Во однос на цената на струјата за домаќинствата, министерот Бектеши посочи дека граѓаните што трошат помалку ќе плаќаат помалку и обратно, оние што трошат непотребно и имаат простор да трошат, ќе плаќаат повеќе и такви ќе бидат и цените.