Регулаторната комисија за енергетика одлучи за поскапување на горивата од вечерва на полноќ.
Цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека дизелот ќе се покачи за 0,5 денари по литар.
Advertisements
Така со најновата цена, од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 по 84 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 84,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло се намалува за 1 денар и ќе изнесува 82,5 денари по литар, додека цената на мазутот се зголемува за 0,3 денари, и ќе изнесува 41,3 денари по литар.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Финска на суд поради ограничување на цената за пренос на струјата
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија
Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Мицкоски и Орбан договорија позајмица од половина милијарда евра во Вашингтон
Како до поевтин интернет и кабелска? - Николоски најавува трет мобилен оператор