УБАВИ ВЕСТИ ЗА МНОГУ РАБОТНИЦИ – За 7.500 денари ќе се зголеми минималната плата, еве од кога!

„Програмата на СДСМ не е програма која што може да биде сосема нова, туку е продолжение. Некои работи се веќе интегрирани во тековните законски прописи и механизми кои што се поставени и ги има. И поддршката за преквалификација и обука и дообука.

Ги има како такви во сегашните механизми. Таа е базирана на седум различни столбови, “ посочи Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на СДСМ во ИЕ 2, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Advertisements

Во однос на воведувањето на 0% данок на личен доход за примателите на минимална плата како дел од програмата на СДСМ, Битиќи посочи дека, тоа е влез во прогресивното оданочување.

„Така се прави. Мора да биде солидарен и поправичен кон категоријата на приматели на ниски приходи и за стопанството олеснување, но и за примателите. Значи, тоа е првиот исчекор кој што го правиме. Наместо да има даночно олеснување ние викаме 0 данок на личен доход за приматели на минимална плата,“ реќе Битиќи.

Синдикатите немаат понуда од никој друг освен од нашата партија колку ќе биде минималната плата. Очигледно не сакаат да се врати минималната плата од времето на ВМРО, викаат треба да биде 450 евра“ рече вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Тој додаде дека ова е едно од клучните барања на синдикатите испратени од вчерашниот марш на Денот на трудот.

„Еве јас им тврдам дека останувањето на СДСМ на власт, во март 2025 година ќе донесе минимална плата од 30 илјади денари за синдикатите, тогаш кога ќе влезе во употреба новиот општ колективен договор“ рече Битиќи.