Дејвид Гета се огласи по најавата за настап за Денот на незавиноста на Македонија
Со настапот на Дејвид Гета со својата „The Monolith Tour“ на 8 септември ќе се заокружи месечната прослава на Денот на независноста на Македонија.
Гета ќе настапи на Градскиот стадион во Скопје, на Денот на независноста. За својот настап во Македонија, тој се огласи на социјалните мрежи.
-Многу сум возбуден што ќе ја донесам мојата „The Monolith Tour“ во Скопје, напиша Гета.
Влезот ќе биде бесплатен, но потребна ќе биде регистрација која ќе чини 35 денари. Сите детали за истата ќе бидат објавени утре.


