Еве како можете да откриете скриени камери со помош на мобилен телефон

Мобилните телефони добиваат разни нови функции од година во година, за некои скриени можности многумина не ни слушнале, а една од нив е препознавање на скриените камери.

За да можат да снимаат во услови на слаба светлина или темница, камерите за надзор често го користат инфрацрвениот спектар на светлина. Човечкото око не може да го види, но камерата на телефонот може.

Advertisements

Можете многу лесно да проверете дали камерата на вашиот мобилен телефон е опремена со можност за откривање на инфрацрвена светлина. За тестирање искористете го далечинскиот управувач на телевизорот.

Вклучетеја камерата на мобилниот и насочете ја кон далечинскиот управувач на телевизорот, во делот од каде што ги емитува инфрацрвените зраци. Притиснете некои копчиња на неа и гледајте го екранот на телефонот.

Ако вашиот фотоапарат може да детектира инфрацрвена светлина, таа ќе се прикаже како стабилна или пулсирачка светлина. Меѓутоа, ако задната камера не може да го направи тоа, не значи дека ниту предната камера не може.

Откривањето инфрацрвена светлина со камерата на вашиот телефон може да биде корисно ако сакате да проверите дали има скриена камера во некои простории кои ги гористите, а не ги сметате за сигурни.

Во такви ситуации, најдобро е да ја затемните просторијата што е можно повеќе и да ја активирате камерата на телефонот, а потоа да ја прегледате областа.