Познатиот пејач Саша Ковачевиќ итно хоспитализиран во Белград

Познатиот пејач Саша Ковачевиќ денеска дошол во Ургентниот центар во Белград видно малаксан, пишува „Курир“.

Како што е наведено, тој веднаш бил прегледан, по што било утврдено дека неговата крвна слика не е во најдобар ред.

Како што пишува српскиот портал, Ковачевиќ најверојатно ќе биде задржан во болница на испитувања во текот на викендот. Тој требало да одржи концерт, но го откажал.