Судот во Стразбур потврди дека случајот „27 април“ е политички мотивиран – Александар Николоски

Судот во Стразбур јасно потврди дека човековите права биле нарушени со што уште еднаш се покажало дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, и не е базиран врз основа на правото туку е базиран врз основа на политички одлуки, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при теренската посета на општина Росоман во рамки на акцијата „Ова е Македонија“.

„Јас високо го ценам  Европскиот суд за човекови права во Стразбур, знаете дека сум долги години во Советот на Европа, судот е еден од основните механизми на Советот на Европа и таму нема ниту одлики кои што се базирани на лични чувства, ниту одлуки кои што се базирани на политика, туку има одлуки кои што се исклучиво базирани на европската конвенција за човекови права. И затоа не сум изненаден што судот донесе ваква одлука, оваа одлука соодветствува на сето она што е право и правда а во овој случај се работи за нарушување на неколку основни човекови права.

Судот јасно потврди дека тие човекови права биле нарушени што уште еднаш покажува дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, не е базиран врз основа на правото туку е базиран брз основа на политички одлуки и сум убеден дека ова што почна ќе продолжи и за другите жалители таму, затоа што е јасно што се случуваше и на кој начин се политизираше целиот случај”, заклучи Николоски.