На овогодинешното издание на „Златна бубамара на популарноста“, чие 26-то издание се одржа во четвртокот во салата „Борис Трајковски“, со својот настап публиката ја воодушевија Игор Џамбазов и Андријана Јаневска, кои ја испеаја народната песна „Ми заплакало селото, селото Ваташа“.
Песната е посветена на 12-те младинци кои на 16 јуни 1943 година беа стрелани од страна на бугарската војска и полиција во близина на селото Ваташа, Кавадарци.