Македонски милијардер на листата на најбогати луѓе во регионот

Српскиот магазин „Недељник“ објави листа на најбогати луѓе во регионот, на која на 18-тото место се најде и првиот милијардер од Македонија, Илија Гечев, сопственикот на ИГМ „Трејд“. Неговото богатство се проценува на 1,054 милијарди евра, со што за прв пат некој бизнисмен од Македонија ја надминува границата од милијарда евра.

Инаку, најбогат во земјите од поранешна Југославија е Дубравко Гргиќ од Хрватска и неговата „Аграм Група“, со проценето богатство од 2,8 милијарди евра, а потоа следат Миодраг Костиќ (МК Група) и Мирослав Мишковиќ („Делта холдинг“) од Србија со по 2,7 милијарди евра.

Advertisements

Од српскиот магазин појаснуваат дека листата е составена од експерти од две консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза и дека користеле мултипликатори од школата за бизнис „Стерн“ на Универзитетот во Њујорк, како и тоа дека во анализата се вклучени резултати од пазарните трансакции во регионот и светот. Списокот на најбогатите луѓе во регионот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска.