Небото над турскиот град Бурса во мугрите изгледаше надреално. Жителите беа изненадени од необичен облак кој изгледа како зад себе да крие крие вселенско летало на вонземјани. Тоа е природен феномен познат како лентикуларен облак.
Облакот што жителите на Бурса го видоа во зори се нарекува и „облаци со летечки чинии“ или „ангелски облаци“. Процесот на нивното формирање е многу комплициран, но тие имаат голем број интересни карактеристики.
На пример, лентикулраните облаци можат да останат на истото место без разлика колку силен ветер дува. Често се јавуваат во ридско-планинските предели, а во ретки случаи се појавуваат и поради ненадеен налет на ветер.
Лентикуларните облаци се јавуваат најчесто во зима, но може да се забележат и во други периоди од годината. Тие обично се формираат на надморска височина поголема од 2.000 метри, над планини или некои поголеми пречки на површината на Земјата.
Lenticular #cloud in Bursa, #Turkey. A surreal sight?pic.twitter.com/C8A0LnrhAr
— Auron (@auron83591234) January 19, 2023
Лентикуларните облаци се стационарни облаци кои се формираат нормално на правецот на ветрот. Кога стабилен влажен воздух се движи нагоре по планина во неколку бранови и ако температурата на горниот бран падне до точката на росење, се формираат лентикуларни облаци.
Овие необични облаци многумина потсетуваат на вселенски бродови, летечки чинии и други сцени од филмови за вонземјани.
Пилотите ги избегнуваат, но туристичките едрилици ги обожаваат, имајќи предвид дека овие облачни формации можат да ги подигнат до големи височини.