Демократската Унија за интеграција „ДУИ“ го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, дознава ТВ21.
Оваа партиска одлука, како што јавува ТВ 21 е на предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.
Тоа, како што велат, подразбира преземање на надлежностите на Изет Меџити, како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир.
На прашање наТВ 21 до Меџити дали тоа значи негово исклучување од партијата, тој посочил, одговор на ова прашање да се бара кај лидерот на партијата.
„Добро би било да го прашате господинот Ахмети за овие политички различности и тенденцијата за замолчување на тие кои мислат различно! Поради тоа што тоа е нестатутарна одлука која не поминала низ партиските органи“, вели Изет Меџити.
Клучните играчи во „Oгнената група“ на ДУИ се пратеникот Изет Меџити, градоначалниците на општините Сарај и Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу, и поранешниот функционер Муса Џафери.