Автобус излета од патот Битола-Прилеп, 11 лица се повредени

Вчера во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 50 годишен возач од Битола, излетал од коловозот, соопштуваат од МВР.

Во несреќата со повреди се здобиле 11 лица.

Advertisements

Жена од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека пак други две лица од истото село се здобиле полесни телесни повреди. Помеѓу повредените има три лица од с.Лисолај,  две од с.Кукуречани и едно од с.Крклино, битолско. Телесните повреди биле констатирани во Клиничка болница Битола, соопштуваат од МВР.