Паркирањето во општина Центар ќе биде бесплатно за сите граѓани за време на новогодишните празници.
Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Advertisements