Руските сили извршиле 44 напади со беспилотни летала врз украински цели, информира утрово украинската војска која тврди сите биле успешно соборени.
Според властите во Киев имало соборување на 20 цели над главниот град во текот на ноќта. Киевските власти соопштија дека за време на нападите бил повреден 19-годишен маж.
„Без разлика што планираат окупаторите, ние знаеме едно за себе: ќе издржиме. Сигурно. Ќе ги истераме. Нема сомнежи за тоа. И тие ќе се соочат со казна за оваа страшна војна. Максимална казна“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук.
Од руските напади ноќеска во украинскиот главен град Киев, енергетската инфраструктура е оштетена, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со струја и греење, информира утринава градоначалникот Витали Кличко.
„Како резултат на ноќното гранатирање на главниот град, енергетската инфраструктура беше оштетена. Имаше вонредни прекини на електрична енергија во градот и како последица на тоа без струја останаа и објектите за снабдување со топлинска енергија“, напиша Кличко на Телеграм.