Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави информации за состојбата со младиот Никола, кој замина на лекување во Турција.
„Во телефонски разговор попладнево младиот Никола нѐ информираше дека болницата во Турција ја презема обврската за неговото лекување и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 април. Првиот чекор е направен и враќање назад нема!“, напиша Стефковски.
Во меѓувреме, тој најави голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото „Подај рака за Никола“ на кој покровител е Стефковски.
„Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста! Заедно со Никола ќе победиме!“ напиша Стефковски.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„Уверена сум дека САД ќе ѝ помогнат на Македонија“ - Сиљановска Давкова му честита на Трам...
„Ова навистина ќе биде златното доба на Америка“ - Трамп по победата на претседателските и...
Протест во Нови Сад - српската полиција приведе осуммина
Децата оваа сезона ќе можат да скијаат по пониски цени и со една ски карта во целиот регио...
Семејното насилство да се гони по службена должност - Левица бара итни промени на Кривични...