Црвен крст отвори сметка и СОС телефон за помош на настраданите во пожарите

Црвениот крст на Македонија информира дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП).

-ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните. Отворени телефонски линии за прва психолошка помош: Скопски регион 072/271-048; Пелагониски регион 047 / 236-019; Југозападен и полошки регион  072 / 239-051 и 072 / 239-077; Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691; Вардарски регион 043/231537, посочуваат од Црвен крст.

Advertisements

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ – 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.

Граѓаните можат да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст посочуваат дека се активно вклучени во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.

При теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 за хигиена, 20 тони вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари. Посочуваат дека поставени се танкови –  системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од републичкиот Црвен крст и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони.

Црвениот крст на РСМ упатува благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.