Дете заразено со овчи сипаници примено во лоша состојба на Детска клиника – било во контакт со тешко болни бебиња и деца

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници вчера било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.

Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.

„Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик“, пишува Фокус.

Advertisements