МВР информира дека вчера во 22.50 часот во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ф.(20) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека во декември 2022 година со закана принудил 18-годишник од Кавадарци полово да го задоволува, по што со остар предмет му се заканил да не пријавува во полиција.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Advertisements