Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара полицијата да го истражи демолирањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Благоевград кое се случило синоќа при што биле фрлени камења и е искршено надворешното стакло.
„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, се вели во реакцијата на ОМО Илинден Пирин објавена на нивната фејсбук страница.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Парите од унгарскиот кредит ќе легнат на сметката на Развојната банка, а ќе бидат достапни...
Уставниот суд не укина права на заедниците, квалитетот не познава етничка припадност
Се очекува уште едно намалување на цените на храната
„Неопходни се лидери и земји кои ја разбираат нашата позиција и кои ќе помогнат“ - Сиљанов...
Како да останат младите во Македонија? - Мицкоски најави фонд од 10 милиони евра за бизнис