(ФОТО) Ова се новите тријазични полициски униформи

По стапувањето во сила на Уредбата за униформи и симболите за полициските униформи врз основа на Законот за употреба на албанскиот јазик, денеска заедно со колегата Оливер Спасовски истото започнуваме да го спроведуваме во практика, напиша заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши на својот Фејсбук профил.

„Со ова се исполнува уште едно ветување кое произлегува од Охридскиот рамковен договор каде полициските униформи ќе бидат и на албански јазик“, порача Буши.