Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во тешка сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиум „Ла Воче ди Асти“.
Несреќата се случила кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани се судрило со автомобил со кој патувал 23 годишен Италијанец.
Како што пишува италијанскиот медиум, македонските државјани се на возраст од околу 30 години.
Advertisements
Извори од полицијата за медиумот изјавиле дека засега немаат детали за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.