Горан Милевски се повлекува од ЛДП и од Владата

Лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, планирал да се повлече од функциите, пишува „Фокус“, според чиишто информации, Милевски размислувал и за целосно повлекување од политиката.

Милевски планира најпрвин да ја напушти министерската функција, а ќе остане партиски лидер до следниот редовен конгрес, кој треба да се одржи до крајот на годинава. Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.

Advertisements

Двајца кандидати биле во најтесна конкуренција за министерското место во Локална самоуправа, а според изворите на „Фокус“, еден од нив е поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник, Ристо Пенов, кој осум години беше на чело на ЛДП.

Од ЛДП засега одбиваат да ги коментираат овие сознанија, посочувајќи дека партијата непречено функционира и за сите чекори навремено ќе ја информираат јавноста, пишува „Фокус“.