„Недозволиво е основен продукт да не им биде достапен на граѓаните! Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен“, објави доцна вечерва Горан Трајковски, директорот на Државниот пазарен инспекторат.
„И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“, објави Трајковски.