Јас сум човек кој што се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари, избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори.
– Самата анкета на ИРИ ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата. Доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес, тогаш се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери – рече Ковачевски кој смета дека и во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалициските партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.