Васко Ковачевски си поднесе оставка од функцијата генерален директор на АД ЕСМ.
Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов.
Повеќе детали се очекува да бидат соопштени на заедничката прес-конференција што е закажана за денеска во 13:30 часот во Владата.
Advertisements