Ковачевски задоволен од својот рејтинг: Граѓаните препознаваат кога некој го вложува целиот труд

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на новинарско прашање за коментар на резултатите од анкетата на ИРИ, а во однос на довербата и рејтинзите на политичарите, одговори дека е задоволен од својот рејтинг, односно дека граѓаните препознаваат кога некој го вложува целиот труд, притоа не сакаше да ги коментира рејтинзите на другите политичари.

„Јас нема да го коментирам личниот рејтинг на било кој политичар. Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот свој труд, напор и енергија во време на најголема економска и енергетска криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија во Градот Скопје,  иако не му е обврска.  Зборувајќи за мене, анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со 1,44% на месечно ниво, што е прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата“, вели Ковачевски.

Advertisements