Македонија денеска го чествува 24 Мај Денот на сесловенските просветители и мисионери Свети Кирил и Методиј

Денешниот датум 24 мај претставува еден од најважните денови за македонскиот народ. Празникот кој се одбележува денеска е во чест на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, кои преку Моравска мисија успеале да ја основаат глаголицата, првата форма на писмото кирилица.

Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развиот на сите словенски народи. Покрај нивната макотрпна посветеност во описменување на словенскиот народ, Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Advertisements

Одбележување на празникот е проследено со низа настани од страна на државните функционери, со цел да се оддаде почит на браќата Свети Кирил и Методиј.

Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник, со посета на државна и црковна делегација од Македонија, која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата ,,Св.Климент Охридски”.

Оваа година државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, оддаде почит и се поклони на гробот на Свети Кирил, а потоа имаше и аудиенција кај папата Франциск.

Една од најзначајните дејности на светите Кирил и Методиј е мисионерството, за кое уживале голема почит. Во три важни мисии ја проповедале христијанската вера: Арапската, Хазарската, пред да ја извршат епохалната мисија во Моравија.

Најважната историска мисија на солунските браќа претставува Моравската мисија. Сржта на просветителската мисија на Кирил и Методиј е во просветителскиот континуирано работење, кое претставува олицетворение во делата на големите  просветителски дејци – свети Климент и свети Наум.  Доследната приврзаност кон кирило-методиевското наследство е суштинската одлика на познатиот Охридски книжевен центар и школа.