Маж од Кавадарци му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вчера додека седел со свои соработници во угостителски објект доживеал непријатна случка од негов сограѓанин кој вербално го нападнал и упатил закани кон него.

„Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.

Advertisements

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,  информира СВР Велес.

Заканите биле упатени во угостителски објект.