Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ реагира на социјалните мрежи откако министерот во заминување Бујар Османи објави дека имал средби со странските амбасадори во земјава.
„Не е спорно што министерот во заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки.
На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на „европски” фер и демократски избори“, реагира Милошоски.
Advertisements
All reactions:
74
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Како да останат младите во Македонија? - Мицкоски најави фонд од 10 милиони евра за бизнис
Одбиле да го примат во болница бебето кое почина на Детската клиника, потврди Таравари
Димитриевска - Кочовска: Успеавме да го задржиме кредитниот рејтинг и покрај сите оставени...
(ВИДЕО) Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, најкритично е во Јабланица, куќите се под вода
Тројца лекари загинаа во страотна сообраќајка на патот Прилеп - Битола