Мицкоски: Групи од подземјето, под контрола на СДСМ и ДУИ, вршат притисоци врз пратеници за да нема предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјето, вршат притисок врз пратеници од Собранието, за да нема предвремени избори.

„Нема рационален човек во Парламентот, барем не што и сака добро на државата, кој не посакува предвремени избори, но полукриминални групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјото, вршат притисок врз тие пратеници. Сепак, јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, затоа што борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за своите постапки“, изјави Мицкоски.

Advertisements

Мицкоски присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите не Охридското Езеро.