Мицкоски: Парламентот нема да работи под бугарски диктат, уставни измени нема да има

Уставни измени во овој состав на парламентот нема да има затоа што овој состав на парламентот нема да работи под условно кажано бугарски диктат, договорот го преговараа и го договараа и покрај тоа што понудивме помош во тој преговарачки процес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на премиерот Ковачевски за тоа дека ќе се случат уставни измени.

„Ако се сеќавате после таа моја прес конференција мислам дека беше април-мај бев одбиен од страна на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ со изговор дека не им е потребна помош. Преговараа и договораа анекс на договорот за пријателство и добрососедство, а притоа не можат да го исполнат тоа што го договорија бидејќи очигледно е дека тие услови кои што во минатото важеа, во овој пратенички состав нема да важат и нема да бидат исполнети. Тоа му е јасно и на Ковачевски, тоа му е јасно и на Али Ахмети, тоа е јасно на сите. Ние не излеговме на избори пред граѓаните да ветуваме уставни измени. Ќе повторам ги предупредивме да не го потпишуваат тоа, да не влегуваат во авантура и да не наметнуваат дополнителни услови за граѓаните за да може ова држава да отпочне преговори со членство со ЕУ,“ рече Мицкоски.

Advertisements