Професорката Ана Павловска Данева реагира на социјалните мрежи по веста дека во Грција бил нападнат отец Никодим Царкњас, македонски православен свештеник.
„Македонскиот министер за надворешни работи беше и обвинител, и судија, и посетител во болница во случајот на тепаниот охриѓанец со бугарска самосвест.
Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на „блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас!
Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно! Ќе можете ли?“, реагира професорката Павловска Данева.
Advertisements
Како што објавивме претходно, македонскиот свештеник во Грција на крајот на февруари бил нападнат од група млади Грци. Царкњас бил попречуван од Грците на патот кон дома, по што побарал од нив да му овозможат да помине, а тие најпрво го нападнале вербално, а потоа му го скршиле стаклото на автомобилот.Исто така, момчињата се обиделе да влезат во неговиот автомобил, но Царкњас успеал да им избега, по што го пријавил инцидентот во локалната полиција, објави ОМД.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Профитирале само од тендери - 10 компании за пет години добиле милијарда евра
Новогодишна кошничка со над 600 производи кои ќе поевтинат од 15 декември до 15 јануари
СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - Комесар за правосудство перел пари преку игри на среќа
ВМРО-ДПМНЕ и Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање
Грците и Бугарите се ујдисаа против Македонија и македонскиот јазик во Европскиот парламен...