Попладнево има нови дојави за бомби – под закана се четири училишта

Откако денеска дојде предупредување од Амбасадата на САД дека пред и за време на празниците ќе има засилени закани за поставени бомби, денеска такви дојави стасале во четири скопски училишта. Попладнево имало дојава за поставена бомба и во училиште во скопската населба Аеродором.

МВР информира дека итно се преземени мерки, учениците се евакуирани и се вршат проверки во објектите што се под закана.

Advertisements

Американската амабасада во Скопје денеска на својата веб страница издаде безбедносно предупредување за граѓаните на САД кои планираат да патуваат или да престојуваат во земјава за време на новогодишните празници. Според Амбасадата има „потенцијал за зголемен криминал во текот на празниците и тековни закани за бомби“ низ Македонија.

„Исто така, има зголемување на пријавени закани за бомби повеќе пати неделно низ Скопје и регионот, на станици за јавен превоз, аеродроми, хотели, трговски центри, спортски центри и училишта. Локалните органи за спроведување на законот ја истражуваа секоја закана и досега сите закани за бомби беа лажни аларми. Ако се најдете на локација за која има дојава за бомба, следете ги упатствата на локалниот безбедносен персонал и полицијата која е на лице место“, се вели во безбедносното предупредување на Амбасадата на САД.