(Видео) Сите се чудат зошто Генералштабот на ЈНА го забранил овој спот на Лепа Брена

Лепа Брена во деведесетите сними спот, со поддршка на познатиот српски мејкап артист Дејан Милиќевиќ, но за жал, како што се појави спотот – така и исчезна.

На раководството на тогашната jугословенска армија, спотот на Брена не им се допаднал и затоа бил забранет да се емитува на телевизија.

Advertisements

„Никогаш нема да ми биде јасно зошто jугословенската армија се срамеше од видеото со Лепа Брена“, изјави во една прилика Милиќевиќ.

Слично на авторот реагираат и фановите на Брена, откако го виделе спотот. Се чудат зошто бил забранет, некои претпоставуваат дека поради црвените беретки и секси кошулата на Брена… има само претпоставки.

Станува збор за екранизирана верзија на песната „Љубав је“ од 1996 година.

Имено, два дена откако се емитувал на српската телевизија Пинк и собрал бројни позитивни коментари дека Брена изгледа светски, пристигнало писмо од Генералштабот во кое строго се забранува понатамошно прикажување на видето.

„Можеше да биде видео за сите времиња. Брена маршира со специјалната единица, пее во касарна, војници околу неа вежбаат…“, објаснува Дејан Милиќевиќ.