Поранешниот градоначалник Владимир Талески доби помала казна од апелациските судии

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески обвинет во судскиот предмет„Транспортер“ кој беше осуден на 8 години затвор ќе одлежи една година помалку. Таква одлука донесе Апелацискиот суд во Скопје.

Помали казни ќе има и за поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски. Тој беше осуден на пет години затворска казна, а сега ќе треба да издржи казна од 5 ипол години.

Advertisements

Условни казни добија  управителите на фирми кои според Кривичниот суд беа осудени од две до три години.

Талески беше осуден затоа што ја злоупотребил службената положба кога организирал превоз на ученици во Битола.

Апелацискиот суд вака ја образложи својата одлука по жалбите на обвинетите:

„Постапувајќи по изјавените жалби, оцени дека првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка на кој се укажува во изјавените жалби и на кои судот внимава по службена должност, во пресудата се утврдени сите решителните факти во врска со времето и начинот на извршување на кривичните дела, дадени се причините за решителните факти, извршена е правилна анализа на сите изведени докази и донесената пресуда е јасна, разбирлива и може во целост да се испита. Воедно, како неосновани ги оцени жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба, а со тоа и за погрешна примена на материјалното право, од причина што првостепениот суд утврдил правилна фактичка состојба а врз основа на сите изведени докази во текот на постапката, правилно ги утврдил сите решителните факти за кои дал доволно образложени причини во образложението на обжалената пресуда и со еднакво внимание ги испитувал и утврдил како фактите што ги товарат обвинетите, така и оние што им одат во корист, при што правилно постапил судот кога поклонил верба на доказите кои се поклопуваат помеѓу себе и даваат целосна слика за настанот, а притоа имајќи ја предвид и одбраната на обвинетите со што донел јасна и разбирлива пресуда, во врска со кривичните дела и кривичната одговорност на обвинетите“,