МВР информира дека вчера била приведена жената, која како што информираше општината Ѓорче Петров, јадела и пиела на сметка на општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.
Во полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје. Таа, како што објавивме претходно, се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината.
Во разговорот таа го признала делото.
Општина Ѓорче Петров најостро го осуди овој чин на измама и информира дека нема склучено Договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.