Ќе те направам горд знам дека ме гледаш озгора, со трогателна порака синот на Михајловиќ се прости од својот татко

Тешко е да се најдат зборови на утеха по заминувањето на фудбалерот, тренер и голем човек, Синиша Михајловиќ кој почина на 53 години.

Сите се надеваа дека Миха ќе издржи, дека ќе победи и на овој натпревар. За жал, болеста беше посилна.

Advertisements

Во пораките на сочувство што ги испраќаат до семејството на легендата има многу кои не можат да заборават дека Синиша беше човек што сакаше секому да помогне.

И токму зборовите на неговиот син Мирослав во пораката што ја испрати на Инстаграм опишуваат каков човек беше големиот спортист.

 „Драг тато, ти благодарам за се што ме научи. Секогаш беше мојата гордост и мојот извор на животна инспирација. Во овој тежок момент ќе го направам токму она што ме научи, нема да се откажам, ќе останам храбар и ќе ја задржам силата. Ќе се обидам да те направам горд, бидејќи знам дека ме гледаш озгора и ми даваш сила, како што правеше секогаш. Те сакам“ – напиша Мирослав.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miroslav Mihajlovic (@miromiha)