По вчерашниот говор на претседателот Стево Пендаровски во која побара извинување од Софија за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, за време на Втората светска војна, со реакција се огласи претседателот на бугарската „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов, кој на својот Фејсбук профил порача дека „Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам“.
„Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере!“, пишува Стојанов.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
17 години од кобната несреќа кај Блаце - Македонија изгуби единаесет војници, се враќаа од...
„Намерата не е чесна, предлогот е непристоен, фрустрации се во прашање“ - Сиљановска Давко...
Лидерот на СДСМ го осуди иредентизмот на Костадинов и повика ЕУ да излезе со јасна реакциј...
ИРЕДЕНТИСТИЧКИ ВЕТРИШТА ОД СОСЕДСТВОТО - „Македонија да се припои кон Бугарија“ бара бугар...
Левица ги повика градоначалникот на Кисела Вода и министерот за животна средина да излезат...
НЕКА СЕ ЗДРАВИ И ЖИВИ - на Бадник се роди тројка во Битола