Реши да остане со своите кавадарчани – Митко Јанчев доби понуда да седне во министерско столче

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев добил понуда од мандатарот Христијан Мицкоски да биде министер за локална самоуправа во владата што ќе ја предводи, јави тв 24.

Градоначалникот на Кавардци Митко Јанчев во изјава за ТВ 24 вели дека сепак, нема да биде кандидат за министер за локална самоуправа во идната Влада.

Advertisements

„Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а  во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот“ – вели Јанчев за ТВ 24.