Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Димитар Ковачевски да ѝ се извини.
„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е ДА МИ СЕ ИЗВИНИ!“ , напиша на Фјсбук пратеничката Стаменкоска Трајкоска.
Претходно и пратеникот Драган Ковачки од говорницата реагираше на тоа што премиерот навредил колешка на сексистичка основа.
„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди наша колешка на сексистичка основа, а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран. Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, реагира Ковачки.