Сопругата на вицепремиерот направила сообраќаен прекршок, МВР чекало Битиќи да фаќа врски

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата на телевизија Клан – „Клан дебата“, раскажа семеен случај кога на неговата сопруга морало да ѝ биде одземена возачката дозвола поради прекршување на сообраќајните правила.

Според Битиќи, вработениот во МВР бил доведен во недоумица дали треба да го спроведе законот, бидејќи очекувал дека можеби министерот ќе биде известен за интервенција. Но, сепак, според Битиќи, тој не бил известен, мислејќи дека промените треба да ги иницира самиот.

Advertisements

„Замислете до каде стигнавме, очекуваме вработен во шалтер во МВР да не верува дека на сопругата на вицепремиерот може да ѝ одземе возачка дозвола иако направила прекршување на законот“, изјави Битиќи.