Унгарија ќе помогне вo гаснењето на пожарите, испраќа возила и воздухоплови

Поддршка од Унгарија за справување со пожарите: Пристигнуваат теренски возила и воздухоплови, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил.

– Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е од големо значење, напиша Муцунски.

Advertisements

Тој изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, како што објави, важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти.

– Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии, напиша Муцунски на фејсбук.