Во Берово, се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово.
Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, почитуваните и ценети семејства на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација на резервни офицери Берово- Пехчево и политичките партии, положија свежо цвеќе на спомен обележјето, кое што засекогаш ќе ги избрише од заборав, ликовите на загинатите бранители, се вели во информцијата од Општината Берово.
„Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, пред 23 години, застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои и се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава чувајќи го вечниот оган , кој ние беровчани, нивните сограѓани, никогаш нема да дозволиме да избледи“, велат граѓаните.Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење, беше оддадена почит:
„Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово, се преименувани имињата на 4 улици, со што уште еднаш, им се поклонуваме и го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја.
Не постои поголема вредност, поголема доблест, од тоа, да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски!“.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
(ВИДЕО) Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, најкритично е во Јабланица, куќите се под вода
Тројца лекари загинаа во страотна сообраќајка на патот Прилеп - Битола
„Покажавме дека може да се работи без скандали“ - Мицкоски задоволен од првите 100 дена, н...
Во гаснење на пожарот во Чаир вклучено е и специјално армиско возило
Граѓаните ќе може на референдум да одземаат градоначалнички мандат - Ѓорѓиевски најави зак...