(ВИДЕО) Пендаровски претендира на гласовите од етничките заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

За прв пат имаме 7 претседателски кандидати , од кои двајца Албански, но јас сум единствениот кој претендира на гласовите од сите етнички заедници, како што беше и во 2019 година. Очекувам да биде надминат цензусот од 40%. Во етничката Албанска средина не доминира опозиционо расположение. Ниту една од анкетите не го предвиде резултатот од првиот круг и никој не го погоди. Овие избори се едни од најдемократските, и тоа треба да се повтори и во вториот круг, рече вечерва Стево Пендаровски, во ТВ дуелот на „Само вистина“ на Канал 5.

„Политичката партија што ја поддржува Сиљановска настапува со силна националистичка реторика. Не е фер да се издвојува една општина во Скопје и да се кажува дека има одредени сознанија кога ВМРО-ДПМНЕ го има техничкиот министер кој треба да уапси луѓе кои уште сега се закануваат дека ќе направат одредени дејствија на изборниот ден. За формирање на владата не е потребно двојно мнозинство. Фрлаат дрва и камења кон Балансерот, тој ја има својата улога ако не се изигрува, тој не смее да ги смета луѓето кои не се овде и не се резиденти. Што ќе правевме ако не бевме членка во ОН, ќе не’ имаше ли денеска? Се друго им одбивме на Бугарите, поради нашиот концепт на Уставот побараа од нас мислејќи дека нема да ни биде проблем -да го вметнеме малото Бугарско малцинство во уставот. Пред да биде потпишан Преспанскиот договор, тогашниот премиер ги викна претставниците на опозицијата кои поседуваат сертификати на собраниската комисија и тие одбија воопшто да дебатираат за тој нацрт договор. Како мислат да го подобрат договорот и колку време ќе одземе тоа? На секоја дебата ги цитирате БГНЕС агенција формирана од Бугарската разузнавачка служба, зошто ги цитирате нив?“, праша Пендаровски.

Advertisements

Според Гордана Силјановска Давкова на избори не гласаат етнички заедници, гласаат граѓани и особено кандидат кој се декларира како предлог на граѓаните треба тој граѓански концепт да го брани.

„На овие избори поважна од етничката е опозициската определба и кај македонските и кај албанските партии. Антиевропска замка е овој изборен праг од 40 проценти и веќе неколку пати ме опоменуваат оние кои на патот кон евроинтеграциите ќе ги испитуваат не само законите, туку и однесувањата, дека треба да го тргнеме овој изборен праг бидејќи тој апсолутно не обединува, напротив разединува односно доведува до политички пазари, уцени кои се закануваат по граѓанскиот глас да биде супституиран. Слушаме деновиве за притисоци особено во една населба што навистина не е добро. Она што јас мислам дека оди во мој прилог е тоа што секогаш луѓето кои не се определуваат, особено во вакви средини, во вториот круг попрво гласаат за оној кој има поголема разлика во гласовите, а јас таква имам“, истакна  Силјановска.