(ВИДЕО) Преубав музички перформанс на пратеничката Рашела Мизрахи, слушнете како ја свири „ За Елиза“

Пратеничката Рашела Мизрахи направи преубава атмосфера за добро расположение пред промоцијата на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ која се одржа во саботата во Македонската филхармонија.

Таа прекрасно ја отсвири на пијано една од најубавите композиции на Бетовен – сигурно ја препознавате уште по првите тактови – „За Елиза“.

Пијаното е голема љубов на Рашела, почнала да свири уште на петгодишна возраст.

Advertisements

Инаку, на овие парламетарни избори тројката е среќниот број за Рашела Мизрахи – таа е на третата позиција во третата изборна единица.

Видео од овој музички перформанс на Рашела сподели нејзиниот сопартиец Антонио Милошоски и може да го погледнете на следниот линк.