Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилквски денеска излезе со нова гатанка за вицепремиерот Артан Груби која ја кажа пред зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Еве што вели Стоилковски во новото видео.
„Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат. Провизии на лист шпартан, пресметува везден….“, вели Стоилковски.
Advertisements
ВМРО-ДПМНЕ деновиве излезе со повеќе обвинувања на адреса на вицепремиерот Груби, кој како што тврди партијата, трупа богаство на грбот на сиромашните и тоа преку неговиот брат кој купил дуќан вреден половина милион евра, иако неговата фирма работи со загуби.