Владата го разреши Спасовски од функцијата директор на Управата за извршување на санкции

Владата на денешната седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкции, соопштија од владината прес-служба.

Разрешувањето следува откако вчера премиерот Димитар Ковачевски изрази незадоволство од неговото работење, а во врска со бегството на затвореникот Беким Мемети.

Advertisements

„Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави вчера премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за корупција во затворите.

Марјан Спасовски беше именуван за директор на Управата за извршување санкции во ноември 2020 година, а претходно беше директор на затворот „Куманово“.