Владиката Петар влегува во медиумскиот свет, ќе отвори телевизија во Скопје, пишува порталот Фактор.
Како што наведува Фактор, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера му одобрила на друштвото „Преобразба“ да отвори ТВ канал, кој ќе се емитува во Скопје и околината.
Зад новиот медиум стои митрополитот преспанско-пелагониски, владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.
Advertisements
Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.