Во ЕУ не се оди со свиткана кичма, со криминал и корупција, со бомби, а без леб

Предложените заменици министри од Димитар Ковачевски и да сакаат не можат да направат многу, а и самиот Ковачевски не кажа речиси ништо. Ковачевски вели ќе одел одлучно напред, но никому не е јасно како, рече Ангелинка Петкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за именување на заменици министри во Владата.

„Оваа Влада најде пари за се, но не најде пари за студентски оброк, за лекови и слично. Но, низата продолжува нема ништо во образованието, земјоделието и во сите области или има стагнација, но најчесто назадување“, констатираше Петкова.

Според неа факт е дека помина година во која власта немаше стабилно мнозинство.
„Факт е дека една година од мандатот го поминавте со нестабилно мнозинство. И до вчера имавте 65, а денес веќе 62. Со честите промени ја губите довербата“, му порача таа на Ковачевски.

Advertisements

Пратеничката Петкова укажа дека ова што се случува во земјава е се само не пат кон ЕУ.

„Во ЕУ не се оди со свиткана кичма, туку со работа и со проекти. Како мислите да одите напред? Со корупција и криминал, со бомби, а без леб. Дали е ова патот до Европската унија“, посочи Петкова.